Инфо

Горивата поевтинуваат од половина до 1,5 денар по литар

понеделник, 07 септември 2020

Нафтените деривати поевтинуваат од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините ќе се намала за половина денар, а на дизелот за 1,5 денар по литар.

Така, Еуросупер БС-95 ќе се продава по59,50 денари за литар, додека Еуосупер БС-98 по 61,50 денари.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 50,50 денари по литар.

Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 50,50 денари литар, а мазутот М-1 НС за 25,956 дененари за килограм.
 

Содржината е прочитана 50 пати.