Бизнис вести

БДП падна за 12,7 отсто во вториот квартал

понеделник, 07 септември 2020

Домашниот бруто производ (БДП) забележа пад од 12,7 отсто во вториот квартал, објави Државниот завод за статистика.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата во второто тримесечје номинално опаѓа за 9,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 70,6 отсто.

Пораст е забележан во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство и тоа од 4,5 отсто, во Јавна управа и одбрана, Задолжително социјално осигурување, Образование, дејности на здравствена и социјална заштита“ од 2,2 отсто и пораст од 0,9 проценти во секоторот Информации и комуникации.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намалил за 32 отсто, а увозот за 30,2 отсто.

Во првиот квартал, пред почетокот на корона-кризата во март, БДП забележа раст од 0,2 отсто.

 

Содржината е прочитана 51 пати.