Бизнис вести

Пошта доби одобрение од Владата да склучи договор со нова банка

петок, 04 септември 2020

На барање на Собранието на акционери на АД „Пошта на Северна Македонија“ Владата на вчерашната седница ѝ даде согласност на Поштата да склучи договор со нова банка, поради прекинатата соработка со Еуростандард банка откако Банката отиде во стечај.

„Дадена е согласност за отпочнување постапка на преговори со цел склучување нов договор за деловна соработка со деловна банка на територија на Република Северна Македонија, преку која ќе се вршат услугите на платниот промет“, се вели во владиното соопштение.

Со одземањето на дозволата на Еуростандард банка платниот промет во пошта е блокиран, што значи дека не може да се плаќаат сметки за струја, комунални услуги, да се врши исплата на пензии и на социјална помош. Ова се одрази негативно и повлече големи загуби за АД „Пошта на Северна Македонија“, чии услуги ќе бидат блокирани сè додека не се избере друга банка со која ќе соработува за вршење платен промет.

 

Содржината е прочитана 58 пати.