Бизнис вести

Маричиќ: „Македонските адвокати веќе може да работат во Англија и во Велс“

Македонските адвокати може да се квалификуваат за адвокат по скратена постапка и само со трансферен испит

четврток, 03 септември 2020

Македонските адвокати отсега може да полагаат трансферен испит и да работат со титула адвокат во Англија и во Велс, соопшти министерот за правда, Бојан Маричиќ преку неговиот профил на Фејсбук.

„Досега, како македонски адвокат не постоеја никакви можности да се работи како адвокат (solicitor) во Велика Британија. По иницијатива на македонски адвокати од Брисел упатена преку Адвокатската комора на Северна Македонија до адвокатската комора на Англија, македонските адвокати може да се квалификуваат за адвокат по скратена постапка и само со трансферен испит“, напиша министерот.

Повеќе информации може да се добијат во Адвокатската комора на Северна Македонија, како и во Комората на Англија и на Велс.

 

Содржината е прочитана 157 пати.