Бизнис вести

Месец посветен на телесно, духовно и емоционално рестартирање

Реики е прецизен древен тибетански систем за исцелување, ускладување и урамнотежување на енергијата, кој се користи за намалување на стресот, за релаксација и за здравје

четврток, 03 септември 2020

Во „Арс Луцида“ овој месец е посветен на телесно, духовно и емоционално рестартирање. Традиционално, септември го одбележува Реики и неговата универзалната регенеративна моќ.
За сите кои прв пат слушаат за ова, еве што е Реики:

Реики е прецизен древен тибетански систем за исцелување, ускладување и урамнотежување на енергијата, кој се користи за намалување на стресот, за релаксација и за здравје. Тој е нежен, едноставен, природен и безбеден метод на превенција на здравјето и самореализација кој може да го користи секој.

Зборот реики е составен од два јапонски збора – „реи“, што значи божја мудрост или виша сила и „ки“ што значи универзална животна енергија. Така, реики, всушност, претставува „духовно управувана универзална животна енергија“. Реики поседува сопствена мудрост, не може да се манипулира и тече насекаде каде што постои некаква нерамнотежа.

Реики ја исцелува комплетната личност – телото, емоциите, умот, духот и кармата, создавајќи многу корисни ефекти како што се релаксација, чувство на внатрешен мир, безбедност и благосостојба. Тоа го доведува телото во хармонија така што го ослободува од телесните и емотивните блокади. Реики ги отвора вратите за да можеме да се вратиме кон сопствената совршеност, каква и да е таа, со тоа што ги третира причините и ги отстранува последиците. Реики третманот доведува до длабока опуштеност.

Сите заинтересирани можат да се пријават во „Арс Луцида“ за следните термини:
• Сертифициран Реики Курс – ниво 1 (12.09-13.09)
• Сертифициран Реики Курс – ниво 2 (26.09)
• Сертифициран Реики Курс – ниво 3/A (27.09)
*************************************************************************************

Исто така, „Арс Луцида“ со задоволство ве поканува на циклус интерактивни работилници за „Ментален и Духовен фитнес“ кои ќе се одржуваат во просториите на „Арс Луцида“ секој среда од 18:30 до 21 часот, еднаш неделно во континуитет. 

Следејќи ја новата светска парадигмата „Човек на човек му е лек“, овие интерактивни работилници се можност за интересно патување во самиот себе и изнесување на својата вистина на светлото на денот по пат на комуникација и контемплација на одредена тема.

Се смета дека една од основните причини за низа потешкотии со кои се соочува современиот свет во секојдневното живеење на професионален план или во приватниот живот, во релациите со другите луѓе, семејството, пријателите, соработниците е недостаток на вистинска комуникација.

Практичната работа кај овој тип работилници се одвива во форма на дијади и група за поддршка. Групата за поддршка е формат во кој 4-5 индивидуи седат во круг и работат на иста инструкција со контемплација и комуникација.
******************************************************************

Многу често секој од нас доживува психолошки напади и е изложен на некакви негативни енергии. Нечистата, застоена, негативна енергија е многу заразна и предизвикува ментални, емоционални и физички блокади. Овие блокади создаваат симптоми на болест на психолошко и/или на физичко ниво и може да нè спречат да ги оствариме нашите цели во животот.

Но, има начин како самите да си помогнете: Научете енергетска самозаштита!

Научете:
• Како и кога да се одбраните
• Како да создадете непробојни штитови
• Како да се ослободите од искористените, загадени влијанија
• Како да ги исчистите просториите од атмосферски тензии
• И многу, многу повеќе …

На 19 и 20 овој месец со оваа многу практична и корисна техника ќе ве запознае м-р Клаудија Дикман, од Институтот за енергетска работа од Виена, Австрија, жената која ги отвори вратите за Pranic Healing во Македонија. Нејзиното мото е „Што е херојот без љубов кон луѓето?“, од Gotthold Ephraim Lessing.

Повеќе за м-р Клаудија Дикман и нејзиниот живот и работа можете да најдете на: www.youtube.com/user/claudiadieck/videos
www.claudiadieckmann.com

Пријавување и информации на овој линк: https://www.arslucida.mk/mk/energetska-samo-zastita/
Или на +389 78 255 707

Ви посакуваме добредојде во месецот со најголем потенцијал за лична и колективна трансформација.

Ве очекуваме.
 
Содржината е прочитана 55 пати.