Инфо

Бензините поскапуваат половина денар, дизелот останува со иста цена

понеделник, 31 август 2020

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари од литар, додека дизелот останува со непроменета цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Тоа значи дека од ноќеска на полноќ литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 60,00 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС98 ќе изнесува 62,00 денари.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што беа претходната недела. Односно, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и натаму ќе се точи за 52,00 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51,50 денари по литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,251 денари килограм и ќе изнесува 26,531 денари еден килограм.
 

Содржината е прочитана 53 пати.