Култура

Саемот на книгата ќе се одржи на отворено од 8 до 14 септември

четврток, 27 август 2020

Саемот на книгата годинава ќе биде организриан целосно во согласност со протоколите за заштита од Ковид-19. Ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворено кај А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“, кај Аква Паркот во монтажни објекти.

На Саемот издавачите се подготвени да ги понудат своите најнови изданија и својата богата понуда со големи саемски попусти. Притоа љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.

Работното време на Саемот е од 10 до 20 часот, а на 14 септември од 10 до 17 часот. Влезот чини 30 денари, а за деца и млади до 18 години се плаќа 20 денари. Истите ќе може да се набават онлајн и на билетарите пред влезот на Саемот.

Саемот на книга 2020 е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

 

Содржината е прочитана 58 пати.