Бизнис вести

Просечната плата во јуни е 26.867 денари, највисока имаат програмерите – 65.536 денари

петок, 21 август 2020

Просечна нето плата во јуни годинава изнесувала 26.867 денари што претставува зголемување за 6,6 отсти во однос на истиот месец лани, додека бруто платата, пак, пораснала за 7,1 отсто и во јуни била 40.107 денари.

Според Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната нето плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната нето плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување, каде платата пораснала за 18,7 проценти, во Рударство и вадење на камен -15,2 отсто и во Образование каде имало зголемување за 12,6 проценти.

Највисока просечна плата е исплатена во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, дури 65.536 денари. На второ место се финансиско-услужните дејности со 54.276 денари, а на трето дејноста производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски преарати со исплатена нето плата 50.557 денари. Потоа следува секторот вадење руди за метал со 41.336 денаи и секторот осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување со просечна нето плата од 40.784 денари.

 

Содржината е прочитана 71 пати.