Бизнис вести

ЕЦБ ѝ овозможи на Народната банка пристап до 400 милиони евра

Македонската централна банка може да користи ликвидносни средства доколку има потреба од тоа во форма на репо-трансакција за периодот до средината на следната година, или додека е потребно

вторник, 18 август 2020

Европската централна банка (ЕЦБ) одговори позитивно на барањето на Народната банка на Македонија и одобри билетарелна репо-линија со што и овозможи на македонската Централна банка да користи ликвидносни средства во износ до 400 милиони евра доколку има потреба од тоа во форма на репо-трансакција за периодот до средината на следната година, или додека е потребно. Со тоа ЕЦБ покажа подготвеност за поддршка нa Нaродната банка во услови на кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска истакна дека позитивната одлука и одобрената репо-линија од ЕЦБ претставуваат потврда за подготвеноста како централна банка соодветно и навремено да одговари на предизвиците од оваа криза и успешно да ја одржува макрофинансиската стабилност

„И денарската и девизната ликвидност на нашата економија и пред почетокот на корона-кризата беа на високо и адекватно ниво. Дополнително, во периодот од избувнувањето на кризата Народната банка презеде мерки преку коишто се обезбеди дополнителна денарска ликвидност во банкарскиот систем, а воедно и за зајакнување на девизните резерви. Добиената поддршка од ЕЦБ дополнително ги зајакнува нашиот капацитет и подготвеност за соодветна реакција. Во случај на остварување на негативните ризици поврзани со корона-кризата, девизната ликвидност во евра овозможена од ЕЦБ ќе ни овозможи и поголем простор за брзо и ефикасно дејствување за ублажување на можните ефекти врз банкарскиот систем“, рече меѓу друготот Ангеловска-Бежоска и упати голема благодарност до ЕЦБ за укажаната доверба и поддршка.
 

Содржината е прочитана 102 пати.