Бизнис вести

Првото рочиште за долговите Еуростандард банка ќе се одржи на 8 октомври

Стечајот на Банката ќе го води Душко Тодевски

понеделник, 17 август 2020

Во петок е отворена стечајната постапка за Еуростандард банка, а првото рочиште за доверителите и долговите ќе биде одржано на 8 октомври, соопшти денеска надлежниот Основен граѓански суд во Скопје. За стечаен управник е назначен Душко Тодевски од Скопје.

„Поради поголемата заинтересирност на медиумите во врска со предметот СТ – 123/20, ве известуваме дека со Решение СТ – 123/20 од 14.08.2020 година на овој суд е усвоен предлогот за отварање стечајна постапка над должникот Еуростандард банка АД Скопје и за стечаен управник е определен Душко Тодевски од Скопје.
По предметот СТ-123/20 е закажано рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања и извештајно собрание на доверители на ден 08.10.2020 година, во 13 часот, во судница II, I кат“, се вели во соопштението од Основен граѓански суд Скопје.

Народната банка на 12 август годинава и ја одзеде лиценцата за работа и ја затвори Еуростандард банка АД Скопје поради неисполнување минимални законски услови за работење и најави дека за неа од судот ќе побара стечајна постапка.


 

Содржината е прочитана 65 пати.