Бизнис вести

„Арс Луцида“ со платформа за дигитализација на личниот и духовниот развој

Компанијата со многу љубов ја креираше http://shop.arslucida.mk/ каде сега веќе се достапни поголемиот дел од нејзините услуги и производи

петок, 24 јули 2020

Промените кои настанаа со пандемијата, а ги опфатија сите аспекти на животот нѐ наведоа на размислување да ја продолжиме нашата мисија, на други, поинакви начини. Едно од решенијата кое ни стоеше во „фиока“ подолго, а кое го реализиравме на наше, а се надеваме и ваше задоволство е онлајн платформата преку која ја дигитализираме целата наша работа. Со многу љубов е креирана http://shop.arslucida.mk/ каде сега веќе се достапни поголемиот дел од нашите услуги и производи. 

Следејќи ги препораките на Министерството за здравство голем дел од нашата работа беше префрлена онлајн.

Благодарение на универзалноста на енергијата нашите методи не се ограничени со димензиите на простор и време. Така индивидуалните Енергетски третмани од „Арс Луцида“ можат да бидат правени на далечина со закажување. Ова нека биде пракса и во подобри времиња. Зошто да губите време низ градскиот метеж или да го напуштите комфорот на вашиот дом, нели?

Иако со олабавување на мерките од јуни продолживме со нормална работа во нашиот центар, се разбира согласно препораките и протоколите за безбедност при работа со клиенти, поголем дел од групите настани ги спроведуваме онлајн.

Еден таков настан на самиот почеток од месец август е работилницата Будење на просветленото срцe (Awakening of The Illuminated Heart) која ќе ја води сертифицираниот инструктор Лу Ка од Словенија. Работилница чија цел е да ни помогне да се потсетиме кои сме навистина ние и за што сме навистина способни.

Како да се надминат ограничувачките верувања и како да се достигне повисока состојба на свесност. Како да се пристапи и да се користи вечната мудрост на нашето срце, наспроти она што умот се обидува да ни го наметне да веруваме. Како да си ја повратиме својата сила и да го активираме нашето неверојатно божествено себство. Бидејќи тоа е онашто ние навистина сме.

Повеќе за програмата „Awakening of The Illuminated Heart“ можете да прочитате тука.

Уште една интересна работилница која сакаме да ви ја претставиме е навистина ретка можност за сите љубители на јогата и сите сродни уметности. Заедно во соработка со The Institute of Energy Work од Австрија ви го претставуваме д-р Сашикант С. Кумбар од Бангалор кој ќе одржи дводневна работилница за Јога Мудра.

Јога-мудра се симболични гестови, кои често пати се практикуваат со рацете и прстите.

Мудрите го олеснуваат протокот на енергија во суптилното тело и го подобруваат внатрешното патување и сопственото спознавање. Нѐ водат внатре, во самите себе.

Мудрите ќе ви овозможат да ја спознаете вашата внатрешна мудрост.

На оваа работилница ќе ги запознаете и истражите мудрите чекор по чекор и и ќе додадете нешто ново во вашата духовна пракса.
 
Содржината е прочитана 230 пати.