Бизнис вести

Летното издание на Бизнис каталог на Р.С.Македонија 2020 е во продажба со подарок за читателите

Ексклузивното списание на македонски и на англиски јазик кое претставува единствен промотивен примерок од ваков вид во државата оди заедно со подарок од „Матица“ – ваучер со 50 проценти попуст за романот „Сестрата на сонцето“ од Лусинда Рајли

четврток, 23 јули 2020

Почитувани,

Новото летно издание на Бизнис каталог на Р.Северна Македонија за 2020 година од утре (сабота) ќе биде продажба. Списанието, во издание на агенција „Марили“ оди заедно со подарок – ваучер од издавачката куќа „Матица“ со 50 проценти попуст за романот „Сестра на сонцето“ од Лусинда Рајли. Примероци од каталогот заедно со ваучерот може да се купат и во продажниот салон на „Матица“ – „Булевар на книгите“ во Скопје.

Бизнис каталогот може да се најде и на следните продажни места:

Во Скопје - во „Саде С 3“ – спроти „Рамстол мол“; „Толлакс 9 Зебра“ – кај ТЦ „Зебра“; „Маратон“ – Капиштец; „Сириус“ – Капиштец; „Толлакс 16 Воденица“ – Капиштец; „Феликс лук“ – Млечен ресторан; „Так тобако“ – на автобуската после „Лептокарија“; „Експанда“ – „Сити мол“; „Кораб комерц“ – Карпош 4 пред ТЦ„Антико“; „Ивал“ – кај студентски дом „Гоце Делчев“; „Венера 1“ – кај студентски дом „Гоце Делчев“; „Даци 97“ – Ѓорче Петров; „Еделваис“ – Ѓорче Петров; „Толлакс 2“ – кај „Холидеј Ин“; „Табакера 1“ – Зелен пазар; „Табакера 2“ – Зелен пазар; „Епром“ – кај „Кјуби“; „Тобако Корнер 2“ – „Југодрво“; „Р.Е.ИДА“ – „Југодрво“; „Кики киоск“ – Бутел 2; „Икс три“ – ГТЦ; „Кранго два“ – автобуска во Центар; „Толлакс 6 Македонија“ – улица „Македонија“; „Параглајдер“ – Центар; „Толлакс 5 Собрание“ – Центар; „Тобако Буги“ – Центар; „Киоск ВП-2“ – Дебар маало; „Саде С 1“ – Дебар маало; „Мое тобако“ – спроти Буњаковец; „Капаел тобако“ – спроти „Симпо“;„Толлакс 4 Бисер“ – во ТЦ „Бисер“ Аеродром; „Толлакс 11 медиа“ – во ТЦ „Бисер“ Аеродром; „Винстон“ – кај „Три бисери“; „Толлакс 3 Скопјанка“ – кај ТЦ„Скопјанка“ Аеродром; „Топ ган 2“ – Автобуска станица; „Тобако Корнер 1“ – Аеродром;
Во Битола – „Дим по“, „Луна тутун“, „Крисми трејд“ и „Талевски трен“; во Прилеп во „Гидра експрес“; во Охрид во „Пресс експресс“; во Струмица во „Сити парк 2“ и „Вадим“ и во Штип во „Тобако Зимбак“ и „ДВ хит“.

Агенција „Марили“ и во исклучително отежнати услови на пандемија со Ковид-19 успеа да го издаде каталогот и да ја продолжи традицијата од 24 години на овој единствен ексклузивен проект од ваков вид во државата, печатен на македонски и на англиски јазик. На неговите страници ги презентираме природните убавини на Македонија кои претставуваат скриени туристички потенцијали на нашата држава, со што сакаме да ги поттикнеме странските гости, туристи и случајни намерници, но и домашните граѓани да ја истражат и да ја запознаат повеќе својата земја.
Во каталогот, исто така се пренесени интервјуа од значајни бизнис субјекти како двигатели на економијата и развојот на нашата земја, а присутни се и интервјуа од областа на културниот менаџмент, естетиката, спортот...
Каталогот е дистрибуиран и во Бизнис и ВИП салоните на ТАВ аеродромите во Скопје и во Охрид, во амбасади, конзулати и во ексклузивни хотели.
Бизнис каталогот 2020 летно издание може и електронски да се листа на порталот на агенција „Марили“ www.marili.com.mk


Движејќи се од Менхетен до величествените афрички рамници „Сестрата на сонцето“ е шестото продолжение на светскиот бестселер серијалот „Седумте сестри“. Во оваа епска приказна Лусинда Рајли нуди незаборавно патување од 1930 до 2008 година, од бескрајното сино небо над Кенија до раздвижените улици на Њујорк.

Во искрената и описна проза и слоевитите ликови, овој пат се раскажува за Електра. Таа е најубавата, најбурната и најчувствителната од сестрите Д’Аплиез која изгледа како жена која има се, слава, богатство, убавина! Но, после веста за смртта на Тате Солт нејзината ментална состојба се влошува и таа бара утеха во алкохолот и дрогата. Додека сите околу неа се загрижени за нејзинито здравје, Електра добива писмо од непозната личност која тврди дека е нејзина баба...

Во 1939 год. Сесили Хантли Морган заминува од Њујорк во Кенија за да го излечи своето скршено срце. Таму го запознава Бил Форсјат озогласен ерген и фармер. Откако ќе добие шокирачка вест и ќе дознае дека војната се ближи, таа ќе биде изолирана и сама, сè додека не открие новороденче напуштено во шумата покрај нејзината фарма ...
 

Содржината е прочитана 445 пати.