МАКЕДОНИЈА

Граѓаните ќе добиваат 20 отсто поврат на ДДВ за домашни производи, за останатите 10 отсто

Новата пресметка на повратот на ДДВ почнува на 12 јуни, а завршува до крајот на годината

среда, 22 јули 2020

Пресметката на повратот на ДДВ, oд 12 јуни до крајот на годината ќе се врши одделно за македонски и за други производи. Уравата за јавни приходи (УЈП) информира дека согласно последните измени на Уредбата за промена на Законот за враќање на ДДВ, за македонски добра и услуги ќе се пресметува поврат на ДДВ во износ од 20 отсто, а останати добра и услуги од 10 отсто од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка. Досега, повратот на ДДВ изнесуваше 15 проценти за сите производи и услуги.

Апликацијата МојДДВ е прилагодена за да се спроведе Уредбата со законска сила на Владата од 12 јуни.

Од УЈП велат дека поради оваа повторна пресметка износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесчие може да претрпи промена.

 

Содржината е прочитана 80 пати.