Бизнис вести

Излезе од печат Бизнис каталог на Р.С.Македонија 2020 летно издание

Агенција „Марили“ го издаде најновото, летно издание на Бизнис каталог 2020 кое може да се најде на многу продажни места низ државата, во издавачката куќа „Матица“ и во бизнис и вип салоните на аеродромите на ТАВ Македонија во Скопје и во Охрид

среда, 22 јули 2020

Денес излезе од печат најновото, летно издание на Бизнис каталог на Р.С. Македонија 2020 во издание на агенција „Марили“. Традиционално веќе 24 години по ред овој каталог го издаваме како како зимско и летно издание, а оваа година спецификата на летниот број е одбележана со Ковид-кризата присутна во нашето секојдневие, но и во бизнис сферата.

Промоцијата на најдоброто од нашата земја и во услови на светска пандемија е направена преку бројни интервјуа со бизнис субјекти на компании кои успешно се справуваат и со оваа криза и изнаоѓаат форми и начини како полесно да се справат со проблемот. Делот на туризмот кој е редовно присутен во летното издание е претставен со темата „Скриените туристички потенцијали на Македонија“ каде што на 12 страници се претставени природните убавини на државата преку раритетни и единствени обележја кои се атрактивни не само за странците во нашата земја, туку и за домашните туристи.

Застапени се разновидни содржини преку интервјуа од областа на авиосообраќајот, електроиндустријата, од медицина, консалтинг, осигурување, а традиционално ги претставуваме и топ 10-те најуспешни жени менаџери за 2019 година кои агенцијата „Марили“ ги избра во март оваа година со што ја продолжува 24-годишната традиција за афирмација на жената во бизнисот.

Дел од страниците се отстапени и за културата, каде зборуваме за културните манифестации во главниот град и тоа преку седумдецениската традиција на Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје. Исто така, во каталогот редовно има и спортки теми, а овој пат е претставен македонскиот репрезентативец во маратонско пливање, Евгениј Поп Ацев.

Каталогот донесува и одлични подароци за сите читатели што ќе го набават во продажната мрежа, а во овој број тоа е ваучер од издавачката куќа „Матица“ со 50 проценти попуст за бестселерот „Сестрата на сонцето“ од Лусинда Рајли.
 

Содржината е прочитана 313 пати.