Култура

Археолошкиот музеј од денеска повторно отворен за посетители

Посетителите задолжително треба да носат маска во текот на целата посета, да ги дезинфицираат рацете пред влегување, да одржуваат дистанца од 1,5 до 2 метра пред билетарницата и кај поставките

вторник, 21 јули 2020

Археолошкиот музеј денеска ги отвора вратите за посетителите по неколкумесечна пауза откако кон средината на март беше затворен со одлука на Владата заради спречување на ширење на заразата од коронавирусот.

Работата на Музејот сега е регулирана со протоли за заштита од Ковид-19 што значи дека посетителите ќе мора да се придржуваат на препораките за заштита и на протоколот за посета на музеј.

„Носењето маска е задолжително во текот на целата посета. Задолжително дезинфицирање на рацете пред влегување во Музејот, одржување дистанца од 1,5 до 2 метра пред билетарницата, како и кај поставката. Препорачуваме бесконтактно плаќање со картичка. Забрането е допирање на изложените експонати“, соопштија од Археолошкиот музеј.

Оттаму им се заблагодаруваат на рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин и на тимот на Амбасадата на Руската Федерација за покажаната општествена одговорност со донирање бесконтактен апарат за дезинфекција на раце кој е поставен на влезот на Музејот.

 

Содржината е прочитана 70 пати.