Инфо

Горивата поевтинуваат од половина до 1,5 денар

понеделник, 20 јули 2020

Горивата од ноќеска на полноќ ќе имаат нова, пониска цена. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика бензините ќе поевтинат за 1,5 денар, додека дизелот за половина денар од литар.

Со тоа новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 60 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 62 денари од литар.

Литар Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 53 денари, додека на Екстра лесното масло за домаќинство 52,50 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 се намалува за 0,370 денари по килограм и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,215 денари килограм.
 

Содржината е прочитана 77 пати.