Бизнис вести

Македонската економија со раст од 0,2 отсто на дното во регионот

петок, 17 јули 2020

Со раст од 0,2 отсто во првиот квартал од годинава македонската економија се најде на дното на табелата што го забележува растот на БДП во земите од регионот на Западен Балкан плус Турција..

Според податоците кои ги објави Европската комисија за растот на БДП за замјите од Западен Балкан и Турција, Македонија и Албанија имаат најслаб резултат, односно немаат никаков развој во првото тромесечие. Поточно, Албанија бележи негатива од минус 2,5 отсто, додека Македонија има незабележителен раст од само 0,2 проценти.

Највисок раст на БДП од 5 проценти има Србија, а потоа следи Турција со 4,5 отсто. Црна Гора има раст на БДП од 2,7 отсто, БИХ 2,0, а Косово бележи раст од 1,3 проценти.
 

Содржината е прочитана 150 пати.