Инфо

И Бугарија забрани влез на македонски државјани до 31 јули

четврток, 16 јули 2020

И Бугарија привремено забрани влез на македонски граѓани на нејзина територија. Од денеска до 31 јули е забранет влез во Бугарија за сите без разлика на државјанството преку сите гранични премини – воздушни, поморски, железнички и копнени и тоа како последица на влошената епидемиолошка ситуација со коронавирусот. Забраната важи и за граѓаните на Србија, БиХ, Црна Гора, Косово, Албанија и Турција.

Исклучок од забраната има само за македонските државјани кои транзитираат преку Бугарија за да се вратат дома.
 

Содржината е прочитана 84 пати.