Бизнис вести

Прометот во индустријата во мај зголемен во споредба со април

вторник, 14 јули 2020

Прометот во индустријата во мај 2020 година бележи пад од 36,6 отсто во однос на мај 2019 година, додека во однос на април годинава има раст од 34,7 отсто. За периодот јануари – мај оваа година прометот е намален за 19,8 проценти во споредба со истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај годинава бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 20,6 отсто, Капитални производи за 57 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 35,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 19,8 отсто.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2020 година во однос на мај 2019 е намален за 13,6 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во мај годинава во однос на претходниот месец има пораст од 5,3 отсто, додека во периодот јануари – мај 2020 година, во однос на периодот јануари – мај 2019 година, има намалување од 4,9 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на странските пазари во мај годинава е намален за дури 43,2 проценти во споредба со мај минатата година, но, во однос на април 2020 година бележи зголемување од 53,6 отсто.
 

Содржината е прочитана 136 пати.