Бизнис вести

„Свисслион“ го презема „Агроплод“ од Ресен

„Свисслион“ ќе откупи 8.364 обични акции со право на глас и ќе стане сопственик на 100 отсто од акциите издадени од ресенската компанија

понеделник, 13 јули 2020

Компанијата „Свисслион“ Скопје објави намера за преземање на целата компанија „Агроплод“АД Ресен. Според информацијата објавена на Македонска берза „Свисслион“ планира да откупи 8.364 обични акции со право на глас со што ќе стане сопственик на 100 отсто од акциите издадени од ресенската компанија. „Свисслион“ планира да понуди 13.530 денари по акција.

За преземањето позитивно мислење веќе дале органите на управување и Синдикатот на „Агроплод“, а Комисијата за хартии од вредност треба да даде дозвола за преземање.

„Свисслион“ веќе подолг период е сопственик и најголем акционер во „Агроплод“ каде поседува 18.126 обични акции, односно 68,41 отсто од акциите.

„Агроплод“ има издадено 21.025 акции. Годинава е реализирана втора емисија на 5.455 обични акции во вкупна вредност од 73.806.150 денари, со што вкупниот број на обични акции на целото друштво изнесува 26.480 акции.

Акциите од втората емисија ги купи „Свисслион“.

 

Содржината е прочитана 250 пати.