Бизнис вести

Компанијата „Технолаб“ 20 години е препознатлив и доверлив партнер

Изградениот бренд на „Технолаб“ како лидер во областа на заштита на животната средина и заштита при работа се темели на посветеноста на врвниот квалитет и професионалност на сите нивоа

понеделник, 06 јули 2020

Компанијата „Технолаб“ егзистира на македонскиот пазар веќе 20 години нудејќи услуги за заштита на животната средина и заштита при работа. Специфичноста и интердисциплинарниот концепт на овие области се водечки предизвик за корпоративниот развој, но и за личниот развој на членовите на тимот на „Технолаб“.
Своите услуги компанијата „Технолаб“ ги развива преку петте сектори во својот состав:

Консалтинг за животна средина
- Студиии за влијание врз животната средина
- Стратегиски оценки на влијание врз животната средина
- Апликации интегрирани еколошки дозволи (А и Б дозволи)
- Интегрирани катастри на животната средина
- Елаборати и студии за испитување на загадувањето на воздухот
- Елаборати за заштита на животната средина
- Мониторинг на воздух, вода, почва и отпад
- Изработка на стручни и научни проекти од областа на заштита на животната средина
- Програми и планови за управување со отпад

Теренска и аналитичка лабораторија акредитирана согласно ISO 17025
- Тестирања и анализи во животната и работната средина
- Мерење и мониторинг на загадувачки супстанции во воздух, вода и почва
- Контрола на квалитет на воздух
- Мерења на услови во работна средина (микроклиматски услови, физички и хемиски штетности)
- Анализи на површински и подземни води
- Категоризација и карактеризација на отпад и отпадна мил
- Испитувања за присуство на тешки металиво воздух, вода, почва и отпад 

Консалтинг за безбедност при работа
- Проценка на ризик на работни места со Изјава за безбедност
- Обука на вработените за безбедност и заштита при работа
- Тестирање и контрола на опрема за работа
- Мерења и анализи на услови во работна средина
- Инспекција и тестирање на заземјување и електрична инсталација
- Изработка на студии (стручни документации) за остварување на право на стаж на осигурување со зголемено траење (бенифициран стаж)
- Проекти и елаборати за безбедност при работа и Планови за безбедност при работа

Инспекциско тело акредитирано согласно ISO 17020 за контрола на услови во животна и работна средина во согласност со соодветната законска регулатива и

Тренинг центар кој обезбедува специфични обуки од областа на управување и постапување со отпад и обуки за стручни лица за БЗР.

Од самите почетоци во 2000 година па до денес, развојната стратегија на „Технолаб“ ги следеше потребите и барањата на клиентите инкорпорирани во визијата „Технолаб“ да биде компанија која ќе нуди услуги со највисок квалитет согласно меѓународните стандарди. Преку перципирање на потребите на пазарот континуирано работиме на квантитативно и квалитативно унапредување на нашите услуги особено во делот на лабораторијата за испитување во животна и работна средина.

Со особена гордост истакнуваме дека лабораторијата на „Технолаб“ има најголем опсег на акредитирани методи за тестирање во животна и работна средина кој вклучува 82 методи за испитување на медиумите на животната средина и испитување на работната околина и е единствена лабораторија во Македонија која врши акредитирани испитувања во делот на карактеризација и категоризација на отпад.

Во последниве години развојно вложуваме во набавка на современа софистицирана лабораториска опрема за земање примероци од животната средина и нивно лабораториско испитување проследено со континуиран развој и унапредување на компетеноста на тимскиот капацитет.

Во оваа јубилејна година интензивно се подготвуваме за редовен надзор од страна на ИАРСМ, при што планираме повторно зголемување на опсегот на акредитација со воведување нови аналитички методи.

Изградениот бренд на „Технолаб“ како лидер во областа на заштита на животната средина и заштита при работа се темели на посветеноста на врвниот квалитет и професионалност на сите нивоа. Носител и одржувач на лидерската позиција на „Технолаб“ е тимот кој со својата професионалност и компетентност секојдневно работи на остварување на работните цели. Секојдневно сме посветени на развивање партнерски однос со нашите клиенти кои во „Технолаб“ препознаваат сигурен и доверлив партнер, а, пак, наша цел е да останеме долгорочен и вреден партнер во иднина при што остваруваме креативна размена на информации и искуства.

Долгогодишното искуство, стручниот мултидисциплинарен тим, доверливоста, објективноста и континуитетот во давање врвни услуги не прават лидер во нашата област во Македонија. „Технолаб“ е синоним за компанија која нуди квалитет, интегритет и компетентност. Тоа го потврдува и листата на задоволни клиенти кои редовно ги користат услугите на „Технолаб“.

На 30.06.2020 година тимот на„Технолаб“ со гордост прослави јубилејни 20 години од постоењето на компанијата. Во актуелните услови на пандемија, одбележувањето на јубилејот се одржа на отворено, на Средно Водно, со почитување на пропишаните мерки за заштита. Со ова, „Технолаб“ ја продолжува својата успешна приказна и за следните 20 години. Дваесетте роденденски балони кои се издигнаа високо кон небото се симбол на достигнатите цели.

Само небото ќе биде границата за достигнување на нови цели и успеси!

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН „ТЕХНОЛАБ“
 

Содржината е прочитана 624 пати.