Бизнис вести

За шест месеци вратени 206 милиони евра ДДВ кон фирмите

петок, 03 јули 2020

Вкупно 206,5 милиони евра, или 12,7 милијарди денари ДДВ се вратени кон фирмите во првото полугодие од 2020 година. Тоа е за 6 проценти повеќе во однос на лани, односно, 660 милиони денари повеќе. Мнистерството за финансии соопшти дека е ова највисок поврат на ДДВ за овој период во изминатите години, што е особено значајно ако се земе предвид Ковид кризата.

Повратот е значително повисок ако се спореди со претходните две години. Така ако се спореди првото полугодие од 2020 со истиот период во 2018, повратот е повисок за 26 отсто, додека во споредба со 2017 повратот е повисок за дури 44 проценти

Повратот на ДДВ кон фирмите во услови на корона-кризата е од големо значење, заради зачувување на ликвидноста на стопанството, а со тоа и поттикнување и поддршка на економската активност.

Инаку, минатата година фирмите добија поврат на ДДВ од 402 милиони евра или за 7,5 отсто повеќе во однос на претодната 2018 година, а дури 44 отсто повеќе во однос на 2016 година.

 

Содржината е прочитана 144 пати.