Бизнис вести

„Кроација ерлајнс“ ќе лета на линија Загреб – Скопје од 13 јули

четврток, 02 јули 2020

Од 13 јули повторно се воведува авиолинијата Загреб – Скопје. Хрватската национална авиокомпанија „Кроација ерлајнс“ објави распоред за летови за јули, според кој од 13 јули стартува линијата Загреб – Скопје со два лета неделно, секој понеделник и петок, а веќе од 22 јули со уште две поаѓања неделно, секоја среда и недела.

За сите четири летови ќе ги опслужуваат авиони А319 со капацитет од 144 седишта.

 

Содржината е прочитана 93 пати.