Култура

Годинашното 41. издание на фестивалот „Браќа Манаки“ без гости

Друштвото на филмски работници (ДФРМ) на своето последно собрание донесе одлука Евгенија Теодосивеска да биде реизбрана за директор на Фестивалот

среда, 01 јули 2020

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ годинава нема да се одржи на традиционалниот начин. Годинашното 41. издание ќе има поинаква форма, без гости, а активностите дополнително ќе се утврдат.

Вака одлучи Друштвото на филмски работници (ДФРМ) на своето последно собрание. Оттаму информираат дека поради пандемијата Фестивалот годинава нема да има гости и програма како изминатите 40 изданија. Сепак, според ДФРМ формата на одбележување на овогодинашното издание треба да кореспондира со вредноста на фестивалот и заради тоа ќе се вложи креативна енергија и напор таа да се зачува, велат тие.

Одлуката за откажување на „Браќа Манаки“ доаѓа откако бројни филмски фестивали од „А“ категорија, вклучително Кан, Карлови Вари, Локарно и други беа откажани поради состојбата со пандемијата.

Инаку, на Собранието на ДФРМ беше донесена одлука Евгенија Теодосивеска да биде реизбрана за директор на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“, што значи дека таа ќе раководи со Фесивалот и во наредните две години.

 

Содржината е прочитана 130 пати.