Култура

Во Стокхолм изложба „Македонија и Првата светска војна“

Државниот архив на Република Македонија денеска во Воениот музеј во Стокхолм ќе отвори изложба насловена „Македонија и Првата светска војна“. 

среда, 25 ноември 2015

Државниот архив на Република Македонија денеска во Воениот музеј во Стокхолм ќе отвори изложба насловена „Македонија и Првата светска војна“.

Оваа изложба е дел од проект на Воениот музеј во Стокхолм, започнат уште во 2014 година, а по повод одбележувањето на 100 годишнината од почетокот на Првата светска војна.

Изложбата „Македонија и Првата светска војна“ ќе биде презентирана во периодот од 25 ноември 2015 година до февруари 2016 година, а целта е да се претстават политичките, културните и економските состојби во Македонија во периодот на Првата светска војна, настаните кои претходеле на тој период, како и учеството на македонскиот народ во војната.

На отворањето, како што е најавено, ќе се обратат Александра Наќева Ружин, амбасадор на Република Македонија во Кралството Шведска и Ева-Софи Ернстел, директор на Воениот музеј во Стокхолм, а предавања за Балканските пропаганди и последиците од нив за Македонија до 1918 година, ќе имаат Филип Петровски, директор на Државниот архив на Република Македонија и Александар Стојчев, директор на Воениот музеј на Република Македонија.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 483 пати.