Инфо

Нов апарат за плаќање сметки на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје

вторник, 30 јуни 2020

ЈП „Водовод и канализација“ Скопје во соработка со синџирот маркети „Тинекс“ денес постави апарат за плаќање сметки во „Супер Тинекс-Годел“ на ул. „Перо Наков“ бр.108.

„Ова е уште еден чекор со кој ЈП ’Водовод и канализација’ Скопје ја зголемува достапноста на своите услуги до своите корисници. По воведување на мобилната апликација достапна за Andorid и iOS, дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на сметките отсега се достапни и преку апаратите за наплата кои освен во ’Супер Тинекс 1-Годел’, се поставени уште на две локации – во Дирекцијата на ЈП ’Водовод и канализација’ и во новото Одделение за грижа на корисниците во ЈП ’Комунална хигиена’ Скопје“, се вели во соопштението од претпријатието.

Користејќи ги апаратите за наплата, корисниците имаат можност за преглед на фактурите и наплата на истите со користење на Мастер и Виза картичките од сите банки.
 

Содржината е прочитана 44 пати.