Бизнис вести

По 14.500 денари од државата за работодавачите и за јуни

Според податоците на УЈП мерката за финансиска поддршка во месец мај мерката ја користеле вкупно 19.730 работодавачи и 5.814 самостојни вршители на дејност

вторник, 30 јуни 2020

Работодавачите и самостојните вршители на дејност ќе добијат финансиска поддршка од државата за исплата на плата во висина од 14.500 денари и за месец јуни. Тие од денеска можат да ги пополнуваат барањата за поддршка поставени на системот е-даноци и ЕПДД на УЈП.

Согласно измените и дополнувањето на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите и самостојните вршители на дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, заради исплата на платите за месеците април, мај и јуни 2020 година, компаниите и самостојните вршители на дејност мерката 14.500 може да ја користат и во јуни 2020 година.

„УЈП го изготви и го постави на системот е-Даноци Образецот -БФП-ИП/1 со кој се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за компании и го изготви и постави на системот Е-ПДД – Образецот БФС-СВД/1 со кој се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за самостојните вршители на дејност“, соопшти УЈП.

Според податоците на УЈП мерката за финансиска поддршка во месец април ја користеле вкупно 19.696 работодавачи, односно 5.707 самостојни вршители на дејност, додека во мај истата мерка ја користеле вкупно 19.730 работодавачи и 5.814 самостојни вршители на дејност.

 

Содржината е прочитана 144 пати.