Бизнис вести

Распоред на летови од Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид на првиот ден од реотворањето 1 јули 2020

вторник, 30 јуни 2020

Од утре, 1 јули повторно се воспоставуваат летови и од аеродромот „Св.Апостол Павле“ Охрид.

На првиот ден од реотворањето на охридскиот аеродром ќе има две полетувања и исто толку слетувања. Полетувањата се во 13:20 часот за Цирих со „Chair Airlines“ и во 17:45часот за Милано Малпенса со „Wizz Air“.

Првите слетувања на аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид се од истите дестинации и тоа во 12:30 часот од Цирих ќе слета авинот на „Chair Airlines“, а во 17:15 часот од Милано Малпенса ќе слета „Wizz Air“

Први чартер летови на аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид:
                                                 

                                                    Пристигнување        Заминување
5 јули Варшава (LOT)                      9:30ч                        10:30ч
25 јули Амстердам (Tuifly)              11:10ч                        12:10ч

Од аеродромот повикуваат за останатите летови да се следи нашата веб-страница: во делот на Заминувања: http://ohd.airports.com.mk/mk-MK/flights-mk/departure-flights-mk и во во делот на Пристигнувања: http://ohd.airports.com.mk/mk-MK/flights-mk/arrival-flights-mk

 


 

Содржината е прочитана 71 пати.