Бизнис вести

Распоред на летови од Меѓународниот аеродром Скопје на првиот ден од реотворањето 1 јули 2020

вторник, 30 јуни 2020
По тримесечна пауза поради пандемијата со Ковид-19 од утре, 1 јули повторно се отвора Меѓународниот аеродрoм Скопје.

Првите полетувања се во 6:00 часот за Бремен, во 6:15 за Ларнака, 6:30 за Стокхолм и во 6:45 часот полетува авионот за Келн.

Првите слетувања на Меѓународниот аеродром Скопје се исто така утре, 1 јули и тоа во 8:50 часот ќе слета авионот на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул и во 9:20 часот исто така од Истанбул ќе слета авион на авиокомпанијата „Пегасус ерлајнс“.

Информациите за останатите летови може да се најдат на веб-страницата http://skp.airports.com.mk/en-EN/passenger/flights/departure-flights во делот Заминувања, додека во делот на Пристигнувања на страницата http://skp.airports.com.mk/en-EN/passenger/flights/arrival-flights

Од ТАВ Македонија вчера изјавија дека протоколите за безбедно одвивање на авиосообраќајот се подготвени и се по сите светски стандарди - целосно се застапени основните заштитни мерки дистанца, дезинфекциски средства и обврска за носење маски, на влезот е поставена термална камера, скринингот ќе продолжи, а ќе функицонира и собата за изолација.

Патниците ќе мора да дојдат три часа пред летот, бидејќи проверките се малку позабавени поради заштитните мерки. Во авионите нема да има ограничување на местата за седење, но патниците ќе мора да носат заштитни маски за цело време на летот. Кабините на авионите се опремени со специјални хепа филтри кои уништуваат 99,9 отсто од вирусите и бактериите.
 

Содржината е прочитана 179 пати.