Бизнис вести

Дозволено е повторно да се организираат концерти и јавни настани

понеделник, 29 јуни 2020

Комисијата за заразни болести го одобри протоколот за организирање јавни настани, кој минатата недела го предложија претставници на Здружението на музичари и на организатори на настани, потврди денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Филипче рече дека денеска е донесена дозвола да се организираат јавни настани со строго почитување на протоколите за заштита со тоа што местото треба да биде пополнето не повеќе од 50 проценти од капацитет каде што ќе се организира настанот, а маските ќе бидат задолжителни.

Министерот појасни дека предложениот протокол е солиден зашто предвидува контролиран влез на настанот, а картите ќе се продаваат електронски за да не се прават редици и метеж.

„Мислам дека е одличен протокол. Здруженијата земаат и обврска самите да го контролираат спроведувањето на превентивните мерки на местата каде што ќе има настани, што е апсолутно за пофалба таквиот нивни професионален пристап“, рече Филипче.
 

Содржината е прочитана 205 пати.