Инфо

Горивата поскапуваат за половина денар по литар

понеделник, 29 јуни 2020

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со тоа се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61 денар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 63 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) за 52,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52 денари за литар.

Поскапува и мазутот М-1 НС и тоа за 0,428 денари за килограм, па новата малопродажнаа цена ќе изнесува 25,824 денари за килограм.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 2,574 отсто и за околу 1,568 отсто кај дизелот во последните седум дена, како и за 0,175 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
 

Содржината е прочитана 36 пати.