Бизнис вести

ИТЦ: „Светската економија со загуба од 126 милијарди долари поради Ковид-19“

Во извештајот се наведува и дека пандемијата сериозно погодила над 55 отсто од сите мали и средни претпријатија

понеделник, 29 јуни 2020

Светската економија е во загуба од најмалку 126 милијарди долари поради коронавирусот, покажува најновото истражување на Меѓународниот трговски центар (ИТЦ) и се наведува дека целосните ефекти од пандемијата допрва ќе бидат видливи со оглед дека повеќето земји започнаа со затворање на границите кон крајот на март и април.

Според извештајот, кинескиот извоз во февруари годинава паднал за 21 отсто во однос на истиот период лани.
Блокадите во Кина, Европската унија и САД имаат најголемо влијание врз меѓународната трговија, бидејќи овие три економии, како што се наведува во истражувањето, се главни играчи во глобалните синџири за снабдување и затоа се важни увозници на суровини, делови и компоненти и учествуваат со 63 отсто од увозот на светски снабдувачки синџири и 64 отсто од извозот.

Како резултат на тоа, африканските извозници ќе изгубат повеќе од 2,4 милијарди американски долари во глобалниот извоз, а повеќе од 70 проценти од тие загуби се поврзани со привремени нарушувања на синџирот на снабдување со ЕУ.

Во извештајот се наведува и дека пандемијата сериозно погодила над 55 отсто од сите мали и средни претпријатија.

 

Содржината е прочитана 172 пати.