Култура

„Танец“ ќе добие нов дом

петок, 26 јуни 2020

Националната установа Ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ ќе добие нов дом.

Владата го одобри барањето на директорот на „Танец“, Мартин Вучиќ за ново урбанистичко-архитектонско решение за изградба на нов објект за една од најстарите културни институции во државата и го задолжи Министерството за култура да ѝ предложи соодветно решение за проблемот со кој се соочува оваа национална установа.

„По седум децении постоење една од најважните македонски институции од областа на културата кај нас ќе добие своја сала и соодветни услови за работа и концертирање достојни за нејзината историска важност. Ова е прв пат некоја влада да има слух за значајната улога на адекватните просторни услови во целокупниот раст и натамошен развој на овој најголем амбасадор на македонското фолклорно богатство и на македонската култура воопшто“, велат од „Танец“.

 

Содржината е прочитана 133 пати.