Бизнис вести

ЕБОР почна со бесплатни онлајн обуки за мали бизниси

Програмата „Научи како да менаџираш во криза“ ќе се фокусира на пет клучни столбови во бизнисот Кризен менаџмент: Вашите клиенти и добавувачи; Основи на финансиски менаџмент; Финансирање на вашата компанија; Вашите вработени – вашиот клучен капитал и Предизвици на управувањето и лидерство

четврток, 25 јуни 2020

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) почна програма за бесплатно онлајн учење и советување за микро, мали и средни компании (ММС) кои се соочуваат со економското влијание од пандемијата од коронавирусот.

Програмата „Научи како да менаџираш во криза“ се наоѓа на платформа на ЕБОР – The Know How Academy и е централно место каде што претприемачите ќе имаат пристап до обуки и ќе можат да добијат советување за кризен менаџмент од индустриски експерти, а можат да се вклучат и во форуми за дискусија со нивните колеги.

Програмата ќе се фокусира на пет клучни столбови во бизнисот Кризен менаџмент: Вашите клиенти и добавувачи; Основи на финансиски менаџмент; Финансирање на вашата компанија; Вашите вработени – вашиот клучен капитал и Предизвици на управувањето и лидерство.

Првите два модули Кризен менаџмент: „Вашите клиенти и добавувачи“ и „Основи на финансиски менаџмент“ се веќе достапни на https://www.ebrdknowhowacademy.com/learn, а останатите три модули ќе бидат достапни наскоро. Програмата е на англиски, арапски, руски, турски и украински јазик.

Во текот на следниве месеци ЕБОР во соработка со партнерските банки и здруженијата за поддршка на бизнисите ќе ја лансира програмата во 30 земји, со цел да биде достапна до повеќе од 10.000 луѓе од микро, мали и средни компании нудејќи обуки, споделување на знаење и експертски совети.

„Во регионите каде што работи ЕБОР иницијативата е финансирана од Европската унија (вклучувајќи го и Европскиот инвестициски советодавен хаб), Казахстан и Импакт фондот за мали бизниси на ЕБОР (Италија, Јапонија, Кореа, Луксембург, Швајцарија, Шведска, УСА, Таипеи Кина)“, се вели во соопштението од ЕБОР.

 

Содржината е прочитана 176 пати.