Бизнис вести

Агенција „Марили“ ве поканува да бидете дел од регионалната манифестација „Најжена и најмаж на XXI век“ во Белград

„Марили“ како регионален медиумски поддржувач и годинава ќе биде дел од оваа манифестација која е планирана да се одржи кон крајот на ноември во Белград. Доколку сакате да препорачате некого, имате можност да го направите тоа со анкетниот лист објавен од самиот организатор

среда, 24 јуни 2020

И годинава ќе се одржи традиционалната регионална манифестација „Најжена и најмаж на XXI век“ во Белград, Србија во организација на „Аирли ниво“. Агенција „Марили“ веќе неколку години е мадиумски поддржувач на овој најстан, а е носител и на наградата „Најжена на XXI.век“ за 2018 година и срдечно ви го препорачува настанот за ваша деловна презентација и интернационална комуникација.

Во бескрајниот свет на економскиот комерцијален маркетинг во 2000 година заживеа една нова идеја што прерасна во дело по пат на манифестација. Идејата беше како на единствен и економичен начин да се претстави нечија дејност, а за неа да се слушне во регионот и во дијаспората. Со самото тоа, некој што е предложен преку анкетниот формулар, кој се објавува на социјалните мрежи Твитер, Линкед, Фејсбук, Инстаграм, може пред медиумите јавно да се претстави со тоа дека работата што ја работи, која ја извршува квалитетно, одговорно и деловно, заслужува и да добие една од титулите.

Најуспешна жена на XXI век
Најуспешен маж на XXI век
Најсакана жена на XXI век
Најжена на XXI век
Најмаж на XXI век
Најуспешен стопанственик на XXI век
Најуспешна стопанственичка на XXI век

Од 2016 година жените од светот на менаџментот рамноправно, рамо до рамо, стојат со мажите менаџери на манифестацијата „Најжена и најмаж на XXI век“, чија иницијаторка е Слаѓана Петровиќ.

Денес манифестацијата има своја тежина, која од година во година станува сè поголема. Таа стана традиционално собирање на успешните луѓе од различни области на дејствување. Наградените за своето успешно дејствување стануваат коминтенти, оние што имаат чест таа вечер да бидат во салата го користат дружењето макар малку со другите да го споделат својот успех, живот и љубов. А таа вечер пред завршувањето на годината дознаваме кои се тие и по што се поинакви и единствени во однос на другите големи и мали претприемачи, директори на приватни и на државни претпријатија и фирми.

Целта на наградата е годишна афирмација на промовирањето и поврзувањето на успешните менаџери и видливоста на нивниот придонес во економскиот развој на нивната земја. Наградата се доделува во повеќе категории.

Заинтересираните можат да ги пратат своите пријави на е-адресата najuspesnije.zene@gmail.com или на веб-страницата на www.najzena.in.rs на линкот за конкурсот.

Од сите стопанственици што ќе бидат во номинација од некоја област, еден е најсоодветен да го добие тоа признание, кој со својот живот, образование и успех им дава пример на младите генерации, ПРИМЕР што го заслужува целото восхитување и почитување.

Победниците и финалистите имаат можност да се претстават пред пошироката јавност, нивната работа и нивната индустрија добиваат поголема видливост, а можат да добијат и идеи како да станат уште подобри.
 

Содржината е прочитана 450 пати.