МАКЕДОНИЈА

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и во недела

Во периодот до одржување на изборите одделенијата во МТВ и БЕКО ќе работат секоја сабота и недела од 8,00 до 16,00 часот

вторник, 23 јуни 2020

Се до одржување на вонредните парламентарни избори, односно до 15 јули годинава скопјани ќе можат да ги подигнат новите лични документи (лична карта и пасош) и за време на деновите на викендите.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека готовите документи во периодот до одржување на изборите ќе се подигаат во седиштето на Одделението за управни работи Скопје (зградата на МТВ) и во Подрачната канцеларија „Беко“ секој работен ден од понеделник до петок во редовното работно време од 7,30 до 20,00 часот и секоја сабота и недела, односно на 27 и 28 јуни и на 4 и 5 јули, како и на 11 и 12 јули во периодот од 8,00 до 16,00 часот.

 

Содржината е прочитана 57 пати.