Бизнис вести

Самостојните вршители на дејност ќе бидат ослободени од плаќање данок на добивка и данок на личен доход и во јуни и јули

вторник, 23 јуни 2020

Самостојните вршители на дејност се ослободени од плаќање аконтации по основ на данок на добивка и данок на личен доход и во месеците јуни и јули, одлучи Владата на вчерашната седница.

Оваа мерка е дел од првиот сет економски мерки со која компаниите и вршителите на дејност погодени од коронакризата имаа можност да поднесат барање за ослободување од плаќање аконтации.

Најмногу од компаниите кои ја користат мерката се од дејностите: транспорт, дејности за подготовка и служење на храна, туристички агенции, туроператори и останати резервациски услуги, како и дејностите поврзани со нив и објекти за сместување и тоа најголем број микро и мали претпријатија.

Мерката, како што рече министерката за финансии, Нина Ангеловска ја користат над 1.500 компании и вршители на дејност со цел поддршка на ликвидноста на погодените компании за полесно справување и опоравување во периодот кој следи.
 

Содржината е прочитана 189 пати.