Бизнис вести

Владата ја изедначи акцизата за црвената нафта со акцизата на дизелот

вторник, 23 јуни 2020

Владата вчера донесе одлука да ја изедначи акцизата на „црвената нафта“ со акцизата за дизел горивата. Како што се вели во соопштението од Владата, донесена е одлука за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што се изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на маслото кое се користи како погонско гориво. На тој начин треба да се оневозможи злоупотребата на користењето на маслото за греење спротивно на неговата намена.

„Притоа, истото ќе овозможи и сузбивање на сивата економија, заштита на животната средина, заштита на потрошувачите и на пазарот од нелојална конкуренција и ќе се отстранат причините кои го оштетуваа Буџетот на државата, граѓаните како и компаниите кои работат со нафтени деривати“, се вели во соопштението од седницата на Владата.

 

Содржината е прочитана 41 пати.