Култура

Недела на современ јапонски филм во Кинотека на Македонија

Филмскиот циклус „Недела на современ јапонски филм 2015“ од утре до сабота ќе се прикажува во Кинотеката на Македонија. Сите филмофили и љубители на јапонската култура ќе имаат можност да погледнат филмови во најразлични жанровски категории.  

вторник, 24 ноември 2015

Годинава тематската целина на филмскиот избор е „Динамична Јапонија“. Ќе бидат прикажани филмот со боречки вештини „Танчарот карате кид“, акциониот филм „Опасни женски“, комедијата „Кралот на извинувањето“ и документарецот „Филм за Накамура Канзабуро“.

- Културната размена меѓу двете држави е значајна за меѓусебно разбирање и почитување. Културата е одраз на идентитетот на една држава, па затоа токму во ваков вид на успешни културни настани ние можеме подобро да се запознаеме со една така далечна земја како што е Јапонија, изјави Александра Младеновиќ, в.д. директор на Кинотека на Македонија.

Филмскиот циклус се реализира во соработка со Амбасадата на Јапонија во Виена и Фондацијата за култура на Јапонија.

(Преземено од МИА)

Содржината е прочитана 525 пати.