Интервјуа

„Дерма Бела“ – Центарот за дермоестетика е синоним за нега и убавина повеќе од две децении

Интервју со д-р Весна Ѓорѓиеска, генерален менаџер на салон за убавина „Дерма Бела“ и основополжник на козметологијата и естетиката која се базира на наука, во кое говори за почетоците на новата гранка во антиејџ медицината, за важноста на односот кон клиентите, стучната надградба, за користењето светски врвни брендови, за идните планови. „Дерма Бела“ од минатата година работи во нов луксузен простор на 180 квадратни метри

вторник, 16 јуни 2020

МАРИЛИ: „Дерма Бела“ е синоним за нега и убавина повеќе од две децении во нашата земја. Д-р Весна, кажете ни кој беше предизвикот да го започнете приватниот бизнис во областа на дермоестетиката?

ЃОРЃИЕСКА: Работејќи како доктор од 1984 година основна цел во мојата работа беше да им помагам на луѓето да бидат здрави и да бидат среќни. А, човек е најсреќен кога е задоволен од самиот од себе. Во тој животен синџир сфатив дека естетиката, убавината е првата алка за денот да почне позитивно.
Тогаш, во 90-ите години се и почетоците на новата гранка во анти-ејџ медицината, чија основна цел е да го успори процесот на стареење. А кој тоа не го сака! Па, тоа е сон на секој од нас. Сфатив дека тоа е мојот правец, патот по кој треба да чекорам. Тоа никогаш нема да излезе од мода. Едноставно, се составија коцките – желбата за убави нешта и новата медицина која ќе биде надградба на веќе тогашното 10-годишно искуство во медицината.
Можам да кажам дека можеби сум и основополжник на козметологијата и естетиката во служба на комедицината. Односно, есетиката која се базира на наука.

МАРИЛИ: Покажавте визионерство и огромна истрајност и упорност да го проширите бизнисот од Прилеп во Скопје, а притоа постојано да го надградувате. Според Вас, дали негувањето на односите со клиентите е еднакво важно со стручната надградба и следењето на современите текови во развојот на Вашиот бизнис?
ЃОРЃИЕСКА:
Односот со клиентите е една од клучните работи во мојата професија. Клиентите кои доаѓаат во нашиот центар се здрави, расположени, со современ став и стил на живеење. Личности кои држат до себе и ги пратат светските трендови. Наша цел е, пред се, тие да се чувствуваат пријатно и опуштено, да им пружиме една пријатна, луксузна атмосфера и дискреција, но и да ги задоволиме нивните барања и желби. Тоа е голема обврска за мене што ме турка напред – да учиме и да применуваме нови методи така цели 27 години.
За мене, моите клиенти се моето најголемо богатство кое сум го печалела цел работен век со посветеност, чесна и искрена работа, пожртвуваност и крајна професионалност.

МАРИЛИ: Постојано сте присутна на светските конгреси за дермоестетика и се трудите се што е современо да го донесете во нашата земја. Па, колку оваа инвестиција се покажа како добра?
ЃОРЃИЕСКА:
Според мене, секоја работа бара посветеност и континуирана едукација. Се смета сека дермоестетиката во последниве 20 години има неверојатно брз развој. Желбата за млад и убав изглед е повеќе од кога било приоритет кај секој од нас. Затоа мора да се пратат сите светски трендови. И не само тоа, туку и постојано да се инвестира во сертифицирани обуки, со што пред нашите клиенти настапуваме како вистински професионалци.
За да бидете успшени во својот бизнис треба постојано да се инвестира во наука и во себе – сметам дека тоа секогаш се исплати.

МАРИЛИ: Застапник сте на козметички дермо-препарати на повеќе светски куќи. Кои се тие и како се прифатени во нашето секојдневие?
ЃОРЃИЕСКА:
Една од важните работи во нашиот бизнис е користење врвни производи кои се сертифицирани и одобрени од ЕМЕА и ФДА (Европска и Американска асоцијација за храна и лекови).
За да можеме и овој дел да го работиме професионално, нашата компанија вклучи и фармацевтски сектор, чија задача е детектирање на светски врвни брендови во козметиката, медицинската козметологија и есетика. На овој дел ние даваме посебен акцент, бидејќи сите брендови кои што се користат во нашиот центар и се дистрибуираат во други естетски центри се работат по строго одредени протоколи пропишани од производителот. 

Би наброила неколку од нив - нашата гордост Restylane - дермални филери со кои работи Холивуд и најпрестижни естетски клиники низ светот, Skin Tech Pharma Group – врвот за хемиските пилинзи, мезотерапија и биоревитализација за лице и тело, Physio Natura – нова натурална козметика и други добро познати брендови во целиот свет. Името на „Дерма Бела“ излегува на секоја од страните на овие престижни компании - наши соработници.

МАРИЛИ: Колку е значајно приватниот бизнис да прерасне во семеен? Ја вклучивте и Вашата ќерка Фросина Ќудина да биде дел од „Дерма Бела“, кој сектор и го препуштивте нејзе?
ЃОРЃИЕСКА:
Токму тој фармацевтски секор го раководи мојата ќерка Фросина, која е магистер фармацевт со специјалност Фармацевтска регулатива. Фросина е млада, но многу сериозно посветена во својата професија, можеби токму заради тоа што се вклучи во семеен бизнис и уште од почетокот се трудеше да го даде максимумот од себе. Имам чувство како од почетокот да имаше одговорност кон веќе постоечкиот бизнис не да не погреши, туку само да го унапреди и зголеми. После 10 години работа во „Дерма Бела“, сигурна сум дека успеа во тоа. Нејзината работа, комуникација и ангажираност и сериозност ги забележаа и фармацевтските куќи од светските брендови како GALDERMA, SKIN TECH PHARMA GROUP кои и ја доверија работата со нив во нашата земја.
Среќна сум што оваа работа прерасна во сеемен бизнис иако тоа на почетокот не беше ни малку лесно.
Нашата работа е многу поврзна со активен маркетинг. Маркетингот денес стана недвојна работа за една компанија и можеби исто толку важна како и основната дејност. И затоа не можам да не го спомнам и уделот на другата ќерка Евгенија, која е магистер по адвертајзинг маркетинг и несебично помага за „Дерма Бела“ и покрај тоа што има друг ангажман.

МАРИЛИ: Минатата година „Дерма Бела“ се пресели во нов голем удобен и современ простор. Колку тоа го подобри Вашето работење и задоволството кај клиентите?

ЃОРЃИЕСКА: Од минатата година „Дерма Бела“ работи во нов простор на 180 квадратни метри, во 10 одвоени работни простории со што се запазува желбата, опуштеноста и индивидуалноста на секој клиент. Со две чекалници каде е задоволен моментот за дискреција и со сала за презентации.Желбата за проширување ја сфативме како потреба, само со цел да направиме што поудобни услови за нашите клиенти. 

„Дерма Бела“ денес може да понуди најлуксузен дермоестетски центар во нашта земја, каде ќе се чувствувате релаксирано и безбедно, со крајна професионалност.

МАРИЛИ: Кои се Вашите планови за во иднина, дали може да очекуваме новитети?
ЃОРЃИЕСКА:
Наша основна цел и водечка мисла е постојано НАПРЕД. Инвестирање во нова најсовремена опрема, прошрување со нови брендови и развој на уште еден дел кој е тесно поврзан со нашето дејствување – да бидеме убави и здрави – тоа е генетски нутриционизам. План и цел ни е „Дерма Бела“ да прерасне во единствен центар од ваков тип – каде што стручна екипа комплетно ќе се грижи за вашето здравје и убавина.
Исто така, во нашиот центар почна и едукативен дел. Планираме во фармацевтскиот сектор да го развиваме во овој правец, па да станеме најголемиот едукативен центар за стручни усовршувања.

МАРИЛИ: Како успешна жена менаџер, сопруга, мајка и баба, кажете ни имате ли слободно време, како го исполнувате и како ги полните батериите?
ЃОРЃИЕСКА:
Не сакам ништо да испуштам во животот. Се трудам да се организирам добро и да најдам време за се. Секогаш сакам да сум со семејството, но, по природа сум дружељубив човек и сакам понекогаш да се дружам со пријатели и колеги.
Енергијата ја црпам од љубовта. Љубовта кон семејството, моите внучиња, кои сега за мене се моето најголемо богатство. Тоа ме прави срќна и едноставно ми ја полни душата.
Ете, тоа е, просто и едноставно: правете го тоа што го сакате за да бидете среќни и успешни.
 

Содржината е прочитана 1201 пати.