МАКЕДОНИЈА

Скопјани може да ги платат долговите за вода на рати без камата

ЈП „Водовод и канализација“ ќе ја спроведува акцијата од 17 јуни до 31 јули годинава

вторник, 16 јуни 2020

ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје од утре почнува акција за наплата на долговите на рати без камата. Акцијата за физички и правни лица ќе трае до 31 јули оваа година.

„Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг, во овој период да аплицираат за склучување договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката престанува да важи“, соопштија од претпријатието.

Граѓаните можат да добијат подетални информации на телефоните 02 3073 010, Дежурно-информативен центар и 02 3240 300, дирекција, како и на следните линкови: kontakt@vodovod-skopje.com.mk, www.vodovod-skopje.com.mk, www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

 

Содржината е прочитана 62 пати.