Бизнис вести

Ексклузивен вебинар за бизнис и претприемништво на „Македонија2025“

петок, 12 јуни 2020

„Македонија2025“ организира ексклузивен вебинар насловен „Претприемништво – Дали го имате она што е потребно за успех?“ (Entrepreneurism – Do You Have What It Takes?), кој ќе се одржи во четврток (18.06.2020), со почеток во 15:30 часот.

Говорници на вебинарот ќе бидат едни од нашите најуспешни иселеници со македонско потекло – Џон И. Битов, познат канадски бизнисмен, претседател и извршен директор на Obelysk, основач на NBA Toronto Raptors и Крис Павловски, основач и извршен директор на Rumble – прогласена за една од најбрзо растечките компании во Канада за 2019 година, како и основач на Cosmic Development. Интерактивната виртуелна дискусија ќе биде модерирана од Марта Арсовска Томовска, советник на премиерот на Србија и поранешен министер за информатичко општество и администрација на Македонија.

Вебинарот преку интерактивен разговор ќе се осврне на темата претприемништво. „Патот на еден успешен претприемач е исполнет со многу успеси, падови и предизвици. Без разлика на околностите, потребно е брзо прилагодување и постојано учење. Дознајте дали ги имате особините на вистински претприемач и дали го имате она што е потребно за успех и долгорочен напредок“, вели организаторот.

Овој вебинар е дел од серијата обуки на „Македонија2025“ за пренесување на знаењето од светски реномирани компании за справување со кризата, чија цел е да се искористи капацитетот на нашите истакнати професионалци од дијаспората.


 

Содржината е прочитана 144 пати.