Бизнис вести

Консултантската компанија КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП слави девет години успешна работа

Зад уникатноста и препознатливоста на брендот на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП специјализиран за деловно и корпоративно право, се кријат иновативните предизвици кои предводени од претприемачкиот дух, како и потребите за развој на компаниите, прераснаа во комплетен правен сервис

среда, 10 јуни 2020

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, консултантска компанија специјализирана за деловно и корпоративно право, со докажана експертиза во правен и економски консалтинг, деновиве го прославува својот 9-ти роденден.

До успехот се стигнува со јасна цел и посветена работа. А, зад секој успех се крие знаењето и искуството на челните луѓе кои ја водат компанијата, како и високо мотивирани вработени кои заеднички имаат визија да ја издигнат компанијата на високо ниво.

Зад уникатноста и препознатливоста на брендот на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП се кријат иновативните предизвици кои предводени од претприемачкиот дух, како и потребите за развој на компаниите, прераснаа во комплетен правен сервис.

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП постојано работи на проширување на своите капацитети во делот за раст и развој на компаниите, советување и правна поддршка, со акцент ставен на пристапот до финансии, интелектуална сопственост, изработка на бизнис планови и правен и економски due diligence.

Како активни чинители во правната проблематика, професионалниот пристап во работењето и брзите и практични решенија кои ги нуди со минимална вклученост на клиентите, компанијата низ годините стана нивен заштитен знак.

Консултантската компанија КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП е акредитиран финансиски фасилитатор кој работи во делот како до полесен пристап до финансии, за разој на деловниот еко систем, а базата на клиенти и соработници значително ја прошири и со нив заеднички испишаа безброј успешни приказни.

Роденденот и оваа година го одбележуваат во знакот на хуманоста. Нивната хумана мисија „Подаруваме од срце“ уште еднаш ја докажаа со континуираната соработка со Црвениот крст, како и со поддршка на повеќе јавни здравствени установи. Со целосна поддршка се приклучија во добротворниот дипломатски концерт „Слушни ме со своето срце“, кој е наменет за „Родителска куќа“ чии деца се наоѓаат во Универзитетската клинина за детски болести, како и во Фондот за жени жртви на семејно насилство.

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП е високо етаблирана компанија со значителни резултати во своето работење, која низ годините воведе еден поинаков иновативен начин на работа по теркот на светските консултантски компании, ги подигна стандардите на консултантската дејност во нашата држава, како и нивната борба за важноста при користење на консултантите за деловен напредок на компаниите. Продолжува да работи тимски, посветено и истрајно, прилагодувајќи се на новите услови кои ги донесе моменталната ситуација.

Од компанијата ќе кажат: „Во овие денови е важно да си подадеме рака. Секој хуман гест нека биде поттик за останатите, бидејќи задоволството му припаѓа на оној што дарува!“
 

Содржината е прочитана 503 пати.