Бизнис вести

Хрватска наскоро и официјално ќе побара да го воведе еврото

вторник, 09 јуни 2020

Хрватска наскоро официјално ќе побара влез во банкарската унија и ЕРМ II, „чекална“ за влез во еврозоната, каде што мора да помине најмалку 2,5 години.

Според пишувањето на „Јутарњи лист“, хрватската влада наскоро треба да ги извести европските институции за примената на сите мерки, а Европската централна банка (ЕЦБ) треба да ги извести земјите-членки на еврозоната за резултатите од проценката на пет хрватски банки. Се очеква тие да дадат зелено светло до средината на јули, по што, како што налага постапката, Хрватска треба да испрати официјално барање за влез во ЕРМ II и да се воспостави тесна соработка помеѓу ХНБ и ЕЦБ.

Доколку се биде како што треба, а имајќи го предвид искуството на другите земји, може да се очекува Хрватска да почне да го користи еврото во секојдневна употреба најрано за 2,5 години, колку што и беше потребно на Словенија да го заврши целиот процес, или многу подолго, како на пример Литванија, на која и беше потребен период од цели 11 години, од 2004 до 2015 година.

 

Содржината е прочитана 52 пати.