Бизнис вести

Град Скопје на намали фирмарината и изготви нови решенија

четврток, 04 јуни 2020

Градот Скопје ја намали висината на фирмарината. Градските советници донесоа Одлука со која започнувајќи од 01.01.2020 година се изврши измена во Тарифниот број 1 и се намали комуналната такса за фирма, како дополнително олеснување на финансиската состојба на таксените обврзници кои вршат дејност.

Поради тоа е извршена целосна системска корекција на решенијата за 2020 година по намалени износи. Од Градот ги информираат таксените обврзници доколку сакаат да добијат коригиран примерок од решенијата, истите може да ги испечатат на официјалниот портал на Град Скопје https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml и тоа во ставката ДАНОЦИ, каде што е потребно да се регистрираат и понатаму да ги следат упатствата кои водат до саканиот чекор.

„Во однос на тие обврзници кои веќе извршиле уплата со целосниот износ наведен во решението, Ви укажуваме дека натплатениот износ за такса ќе се префрли за наредната година, или по завршувањето на вонредната состојба, на барање на таксениот обврзник ќе се изврши враќање на натплатениот износ“, се вели во соопштението од Град Скопје.

 

Содржината е прочитана 631 пати.