Бизнис вести

Сопственикот на НИКОБ, Кирил Лазаров, лидер за Југоисточна Европа за 2020 година

Наградата на Лазаров му беше доделена на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Париз, што се одржа онлајн од 2 до 7 јуни

среда, 03 јуни 2020

Македонскиот бизнисмен Кирил Лазаров, сопственик на националната агенција за обезбедување лица и имот НИКОБ и претседател на Македонско-бугарската стопанска комора, е добитник на високото престижно признание „Лидер на годината за Југоисточна Европа“. Наградата на Лазаров му беше доделена на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Париз, што се одржа онлајн од 2 до 7 јуни.

Младиот македонско бизнисмен го доби ова признание за лидерство во економијата и развојот во интеграцијата на балканските земји во поширокото европско семејство и тоа претставува круна на неговиот повеќегодишен ангажман во интензивирање и еманципација за новите технолошки стандарди кои ги прават балканските институции компетитивни на светскиот пазар.

Инаку, фестивалот „SEE à Paris“ традиционално се организира секоја година од страна на INALCO Paris-Cite-Sorbonne и Humboldt универзитетот од Берлин, во соработка со Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“.

Наградата беше презентирана од Фредерик Фапани фон Лотринген од фондацијата „Ротшилд“ во име на Советот на
фестивалот, а на посебна свеченост ќе му ја предаде претседателот на фестивалот, амбасадорот Јордан Плевнеш.

 

Содржината е прочитана 119 пати.