Бизнис вести

До 5 и 7 јуни трае аплицирањето за финансиска поддршка на фирмите

вторник, 02 јуни 2020

Аплицирањето за финансиска поддршка за исплата на плата за месец мај 2020 година трае до 7 јуни, додека за субвенционирање на 50 отсто од придонесите за задолжително социјално осигурување и за финансиска поддршка на самостојните вршители на дејност до 5 јуни, соопшти Владата.

Во мај УЈП прими, провери и обработи вкупно 23.861 барања за финансиска поддршка за исплата на плата на повеќе од 120.000 вработени. Мал број барања се сè уште во постапка на проверување и обработување.

Мерката финансиска поддршка за исплата на плати за месец април ја искористиле 19.350 компании за 127.426 вработени лица, а мерката за субвенционирање на 50 отто од придонесите за задолжително социјално осигурување ја искористиле 1.680 компании и со неа се опфатени вработени.

Комбинација на овие две мерки ја искористиле 1.427 компании со 10.668 вработени, од кои 516 од дејноста транспорт, 724 од угостителство и 187 од туризам.

Мерката финансиска поддршка на физичко лице кое врши самостојна дејност ја искористиле 5.187 самовработени лица и со неа на физичките лица кои вршат самостојна дејност одобрен им е и исплатен вкупен износ од 75.211.500 денари.

Управата за јавни приходи за економските мерки кои ги спроведува отвори посебна електронска пошта finansiska.poddrska@ujp.gov.mk каде граѓаните, работодавачите, сметководителите и други заинтересирани страни добиваа одговори околу начинот на поднесување на самите барањата, статусот на барањето, исправање на грешки внесени во барањата...

 

Содржината е прочитана 86 пати.