Бизнис вести

Заврши жетвата на оризот во Кочанско

Поволните временски услови овозможија и преостанатите 10 проценти од површините под ориз кои беа зафатени со дождовите, и присуството на вода, да бидат ожнеани. 

вторник, 24 ноември 2015

Поволните временски услови овозможија и преостанатите 10 проценти од површините под ориз кои беа зафатени со дождовите, и присуството на вода, да бидат ожнеани.

Во Кочанско целосно се ожнеани 4.310 хектари под ориз од кои 385 хектари беа во сопственост на земјоделските претпријатија додека 3.925 хектари кај индивидуалните земјоделски производители.

- Жетвата целосно е завршена на општо задоволство на земјоделците од Кочанскиот регион. Просечните приноси се движеа од 5.600 до 5.800 килограми од хектар. Од насеаните 4.310 хектари во Кочанско добиен е род од 24 илјади тони оризова арпа, што е во рамките на очекувањата, истакна на денешната прес-конференција Јордан Димитров, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кочани.

Што се однесува до откупот и преработката на оризовата арпа и белиот ориз, и покрај утврдените откупни цени со државата, преработувачите и откупупувачите за 25 денари килограм арпа и 50 денари за килограм бел ориз, тие на терен не се почитуваат. Откупот се одвива инцидентно, а откупната цена за килограм бел ориз меѓу откупувачите изнесува 48 денари за килограм.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 430 пати.