Мода

Линија маички од ГО – модна приказна која продолжува да се раскажува со задоволство

Од модното атеље на Олгица Ѓоргиева, под слоганот „ You are Gorgeous!“ излезе линија на маички, секоја со своја приказна и своја порака кои и со наједноставен стајлинг не можат да останат незабележани

четврток, 28 мај 2020

You are Gorgeous!

Во денешно време кога можностите за успех се многу поголеми, но во истовреме се соочувате со изобилство од понуда на пазарот, нормално е да се запрашате што е тоа по што ќе ве препознаат. Приказната која им ја раскажувате на вашите клиенти е она што ќе ја даде вашата вредност. Најбитно од се е таа приказна да е издржана и оригинална. Клиентот треба да се чувства посебно, затоа што го одбрал вашиот продукт.


Се радувам што низ сите овие години успеав да започнам една модна приказна која продолжувам да ја прераскажувам со задоволство. Бидејки, името под кое создавам е наречено ГО, од иницијалите на моето име и презиме, започнав спонтано да ја развивам приказната и во пишаните пораки кои ги испраќам до моите клиенти. 

Спонтано настана слоганот „You are Gorgeous“ кој често го користам да изразам емоција. Неодамна под тој слоган, кој најверојатно ќе се развие како линија со тек на времето, создадов линија на маички. Некои од маичките се дел од мои претходни колекции, а останатите се надополнување на приказната. Оригиналното и убавината на оваа линија е тоа што секоја маичка има своја приказна и своја порака. Јас на шега ги нареков овие маички – интелигентни, затоа што и со наједноставен стајлинг, маичките зборуваат сами по себе, не можат да останат незабележани.

Периодот кој следува, поради новонастанатата ситуација, потребите на луѓето се променија привремено, така што ова е еден одличен избор кој е лесен за одржување, соодветен за периодот кој следува и во истовреме со огромна доза на личен печат кој дава вредност на истите.

Во наредниот период ќе има и многу други идеи кои сакам да ви ги раскажам, сигурна сум дека ќе ви се допаднат!
 
Содржината е прочитана 758 пати.