Бизнис вести

Државата ја издаде седмата еврообврзница во висина од 700 милиони евра

Рочноста на еврообврзницата е шест години, а годишната камата е 3,67 проценти, што значи дека Македонија ќе плати над 150 милиони евра камата

среда, 27 мај 2020

Државата ја издаде седмата еврообврзница во висина од 700 милиони евра. Рочноста на еврообврзницата е шест години, а годишната камата е 3,67 проценти, што значи дека Македонија ќе плати над 150 милиони евра камата.

Македонија издаде еврообврзница за да ги покрие буџетските потреби за оваа и за следната година. Од Министерството соопштуваат дека дополнително се обезбедуваат и сигурносни средства за справување со евенутален повторен шок.

Од Министерството за финансии соопштија дека каматата е исклучително ниска.

„Земјата е погодена од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19 и поради зголемените потреби за финансирање беше потребно да се позајмат парите. Исто така, интересот на странските инвеститори за македонската еврообврзница беше пет пати поголем од износот кој беше издаден. Ова е уште еден податок, покрај поволната каматна стапка, што укажува на доброто позиционирање кај странските инвеститори и нивната доверба во земјава. Ова се должи на макроекономската и финансиска стабилност, како и нашата посветеност и успехот постигнат последниве години во евроатланските интеграции“, соопштија вчера од Министерството за финансии.

Процесот на издавањето на еврообврзницата го водеа меѓународните финансиски институции Ерсте груп, Дојче банк, ЏП Морган, Сити (БиД).

 

Содржината е прочитана 164 пати.